Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Сликовницата „Моите здрави навики“ на првооделенецот Милиан Чаршавски од сега достапна и во книжарниците во Кочани и Штип
Сликовницата „Моите здрави навики“ на првооделенецот Милиан Чаршавски од сега достапна и за најмладите љубители на пишаниот збор.
Може да се купи во книжарниците „Рики јуниор“ во Кочани и „Арт“ во Штип и онлајн по цена од 120 денари. Наскоро и во неколку книжарници во Скопје.
Печатена е на автентичниот ракопис на седумгодишниот писател ученик во прво одделение. Со оваа сликовница се запечатува првата средба со пишаниот збор на Милиан, но и навиките кои ги стекнал и кои ги прави со љубов, а со нив секако го негува и своето здравје – тоа се правилната исхрана, спортот и љубовта која ја прима и дава од другарчињата и своето семејство.
Израдувајте дете, купете ја сликовницата, следете ги здравите совети и дајте му мотивација да продолжи со творењето.
Пораката на сликовницата е : „Хранете се здраво, спортувајте и смејте се. Немојте да заборавите дека љубовта од мама и тато е најдобриот лек за секоја ваша болка“.
Се препорачува да се чита во друштво, но и пред спиење. Прирачник за здрави навики кој што мора да го има секое дете.