Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Приведени тројца меѓу кои и 24 годишен Виничанец за пренос на мигранти….
Полицијата соопшти дека приведени се две лица од Гевгелија и едно лице од Виница поднесени се пријави за помагање на лица нелегално да ја поминат грчката граница, како и за превоз на мигранти.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека вчера од полициски службеници од Полициска станица за Граничен премин и Граничен надзор Богородица, од слобода биле лишени Д.Т.(30) и В.Т.(54), двајцата од Гевгелија.
Тие околу 09.10 часот биле забележани од полициските службеници како на четири кинески и еден индиски државјанин им помагаат при обид нелегално да ја преминат границата за влез во Р епублика Грција. Двете лица се приведени во полициска станица и за случајот е известен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, а по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок. Лицата мигранти биле предадени во Полициска станица за Граничен надзор Богородица за понатамошна постапка“, соопшти МВР.
Од полицијата соопштија дека вчера полициски службеници од Полициска станица Радовиш во близина на с.Дукатино, струмичко, го лишиле од слобода Е.М.(24) од Виница.
„Тој бил затекнат како управува патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое било запрено од страна на полициски службеници, а во него се превезувале седум илегални мигранти. Е.М. бил приведен, со него бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопшти полицијата.