Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Фудбалските ветерани од Кочани, Штип, Виница и други градови од државата, поранешни фудбалери на „Осогово“, „Брегалница“ и „Слога“ во Саботата овој викенд на стадионот кој што денес го носи името на Мантов организираа меморијален натпревар и спортско дружење во спомен на 50-годишнината од трагичната смрт на нивниот другар и соиграч Никола Мантов.
Поранешните спортисти и спортски работници, му оддадоа достојна почит на младиот фудбалер чиј живот згасна 1 јули 1973 година, за време на натпреварот помеѓу „Осогово“ и „ФАС 11 Октомври“ токму на овој стадион..
По иницијатива на ветераните на Фудбалскиот клуб „Осогово“ се подготвува и книга посветена на Никола Мантов, чие излегување во јавноста се очекува наскоро.