Радио Кочани
Кочани

Работни активности и во село Мородвис. Се средува инфраструктурата во Општина Зрновци..

245

По Видовиште, Општина Зрновци ги продолжува активностите и во с.Мородвис.

 

Таму се започна  со изградба на втора фаза “Каптажа со таложници и водоводни елементи за механичко прочистување на водата за домаќинствата”.

По пробиениот планински пат покрај Морошка река и завршените земјени ископи, се создадоа услови за грaдежни активности за целосна реализација на овој проект.
Во 2022 година беше завршена првата фаза со што беше обезбедено постојано водоснабдување на домаќинствата во село Мородвис, кои што со децении имаа огромен проблем особено во летниот период.
По завршување на втората фаза се решава и механичкото прочистување на водоснабдителниот систем и конечно се става крај на овој горчлив проблем.
Покрај ова градоначалникот Koцев се осврна и на инфраструктурата во општината.
За Радио Кочани рече:
„Неспособноста и негрижата на институцијата Македонија пат особено во Истокот на Македонија во одржување на банкините, а камо ли во инвестиции во патната ифраструктура, не треба да не спречува како Локална власт да дозволиме да имаме запуштени и небезбедни патни правци.
По обилните дождови и бујната вегетација покрај регионалните патни правци кон општина Зрновци, иако со минимални ограничени ресурси и материјално технички сретства успеваме навремено да ги уредиме и одржуваме, а заради поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.
Безбедноста на граѓаните и посетителите на општина Зрновци ни претставува приоритет во многубројните наши ангажмани“.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio