Радио Кочани
Кочани

Амфенол има потреба од ново вработено лице за работно место Сетер – во „ТЕЛ-АД“

2,197

Моментално имаме потреба од 1(едно) ново вработено лице за работно место

 

Сетер во ТЕЛ-АД

 

Одговорности и задачи:

  • Поправка и одржување на машините во производсво
  • Инсталација на нови машини и опрема (доколку има потреба)
  • Користење на техничка документација за опремата и водење на грижа за истата
  • Извршување на превентивни активности и проверка дали истите се направени
  • Ефикасна и фер соработка со останатите сектори
  • Задолжителна тимска работа
  • Да се обезбеди бараната функционалност на опремата
  • Примање и пренесување нови знаења, за себе и за ново вработените
  • Да ги подесува/ монтира, демонтира и прилагодува машините за преработка и проверка на кабли за автомобилска индустрија : операции како што се кримпирање, свиткување, тестирање, изработка на попречен пресек на кримп во лабораторија
  • Да врши нивна проверка и тестирање според однапред определени и упатства
  • Да учи и стекнува перманентно нови знаења за работното место и производниот процес заради остварување на дневните цели и врвен квалитет

Потребни квалификации:

  • Способност да ги следат и почитуваат процедурите и работните упатства
  • Читање / Пишување / Сметање / Разговор и комуникација / Среденост и уредност
  • Внимание и концентрација кон детали во брза и динамична работна средина
  • Способност за концентрација и повторно извршување на истата задача постојано
  • Способност за запазување на промени при повторувачки процеси
  • Запазување разлики во големината и обликот на линии или предмети
  • Прецизно следење на инструкциите и точно работење
  • Да донесуваат одлуки врз основа на стандарди кои се претходно проверени
  • Да можат да работат под временски притисок

 

Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 07.07.2023 година по електронски пат на следнава адреса: [email protected] или директно во канцеларијата на оддел за човечки ресурси.

Напомена:

  • Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
  • Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio