Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Во општина Зрновци не сопираат градежните активности. Овојпат се решава децениски проблем за жителите на Видовиште
Вчера во село Видовиште се започна со изградба на нов доводен цевковод за снабдување на вода за домаќинствата во должина до 1000 метри со фи 125 мм водоводни цевки. По уредување на планинскиот пат с. Видовиште- м.в. Зафат на Видовишка река, денес започнаа и градежните активности за ископ и исталација на потребните водоводни елементи. Со овие градежни активности се зголемува количеството и динамиката на вода за домаќинствата над 15 литри во секунда, со што се овозможува постојано водоснабдување. Со овие дејствувања, акции и постапки се решава децениски проблем на жителите во село Видовиште !
Продолжуваме посветено и одговорно за значително подобрување на условите за живот на граѓаните на општина Зрновци изјави за Радио Кочани градоначалникот Борчо Коцев.