Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
ИНТЕРЕН ОГЛАС
Моментално имаме потреба од 1 (едно) ново вработено лице за работно место:
Продукт Инженер во производствена единица Конексус
Одговорности и задачи:
- Изработка на узорци/примероци на производствените линии за одобрување од клиентите ;
- Управување со набавката, проверката и контролата на потребните материјали, опрема, алати и помагала за новите производи;
- Управување со тренингот и обуката на тим лидерите, тренерите, линиските лидери и операторите за производите кои се во негова надлежност;
- Обезбедување на бараниот квалитет на производ за клиентот, без рекламации;
- Подготовка и навремено обезбедување на потребната техничка документација ( работни инструкции, пропратна документација и слично), како и навремено ажурурање на тековната техничката документација;
- Подготовка на SQAP – документација (Control Plans, FMEA, FSIRs и слично);
- Известување за грешки и слаби точки веднаш до соодветните сектори и блокирање на производи ако е потребно доколку истите отстапуваат од бараните спецификации;
- Анализа на грешки направени во текот на производство, продуктивност и имплементација на соодветни корекциони мерки;
- Предавања на дневни, неделни и месечни извештаи на претпоставениот раководител.
Потребни квалификации:
- Високо образование ( по можност од техничките факултети );
- Солидно познавање на Англиски јазик ;
- Работа со MS Office или слични софтверски пакети;
- Способност за самостојна и тимска работа и работа под притисок со кратки рокови;
- Солидни организациски способности и комуникациски вештини.
Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 07.07.2023 година по електронски пат на следнава адреса: [email protected], или директно во канцеларијата на оддел за човечки ресурси.
Напомена:
- Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
- Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.