Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Додека дел од нивите и дворовите во Облешево сеуште се под вода, надлежните си префрлаат вина од еден на друг….
Поплавени куќи, дворови и земјоделско земјиште, ваква е состојбата по стивнувањето на обилните дождови
во Општина Чешиново Облешево.
Земјоделците велат поплавени се околу 600 декари житарици, ореви и други земјоделски култури и сеуште не се преземени мерки за да се сопре водата да не се слева во полето.
Бараме да се прогласи елементарна непогода, бидеќи поплава од ваков вид досега немаме видено, житарките се сосема уништени, а и оризот оваа количина на вода неможе да ја издржи и приносите оваа година ќе бидат намалени за најмалку 50%
И додека граѓаните се обидуваат да се спасат од водата, надлежните си префрлаат вина.
Од Општина Чешиново Облешево велат надлежноста за чистење на каналите е на Водостопанство Брегалница.
Тие додаваат дека како општина биле на терен и работеле на решавање на проблемите за кои биле свесни дека ќе случат уште претходно.
Ама од Водостопанство Брегалница Кочани се со спротивен став. Директорот Благојчо Богатинов вели надлежноста е на општината.
„Тие мислат на стариот канал, таму се цеди водата од оризите, а поставени се цевки од општината и заради неодговорно одржување тој е полн со вегетација. Друга причина е што одредени земјоделци имаат зафат за да посеат парцели со ориз, кои се надвор од планот за наводнување. “ – вели Богатинов.
Инаку во меѓувреме тече рокот за пријави на штети. До сега во општината се пријавени две штети од поплава на домаќинства и две штети за поплава на имот.
Д.Михајлов