Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Ми преставува особено задоволство и чест што оваа година Националната федерација на фармери за домаќин на овогодишната “Јуфкијада-2023” ја избра нашата општина Зрновци и прекрасниот храм посветен на нашиот светец и заштитник Св Димитрије.
Општина Зрновци одсекогаш подржувала и ќе подржува настани кои ги промовираат старите традиционални вредности и улогата на руралната жена во севкупниот рурален развој, истакна на фејсбук објава градоначалникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев.
Таа игра исклучително важна улога во селското стопанство, производството на здрава храна и зачувувањето на старите традиции. Нејзиното учество и активност во овие области допринесуваат за развојот на руралните заедници и општества во целост.
Таа ги пренесува од поколение на поколение старите обичаи, знаења и вештини кои се присутни во нејзината култура и заедница.
Преку овие традиции се проследуваат вредностите и идентитетот на една заедница, што го чини богато и разнообразно културното наследство. Руралната жена, преку своето активност во зачувувањето на старите традиции, го запазува и засилува социјалното ткиво на селските заедници.
Дополнително, учеството на руралната жена во селското стопанство значително придонесува за економскиот и социјалниот развој на руралните подрачја. Таа создава нови работни места, го подобрува животот на своето семејство и допринесува за економската стабилност на заедницата.
Јуфката – добро познатиот наш специјалитет влече корени од дамнина како здрава и добро позната храна која треба да се негува и пренесува од колено на колено.
Навистина убав настан кој треба да продолжи и понатаму низ годините.
На сите учесници и гости им посакувам успешен настан и пријатен престој во нашата мала но прекрасна општина Зрновци, нагласува Коцев