Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
КЈП “Водовод” Кочани реализираше акција за чистење на дива депонија во населбата Трајаново Трло околу месноста Колерски гробишта.
Акцијата се спроведе со сопствена механизација и работна сила, а собран и транспортиран е кабаст отпад, градежен шут и мешан комунален отпад во вкупна количина поголема од 50 м3. Ваквите активностите ќе продолжат и во текот на наредните денови на повеќе локации каде што има диви депонии.
Со отстранувањето на дивите депонии, значително ќе се придонесе за намалување на аерозагадувањето, ќе се елиминира потенцијалната опасност од загадувањето на подземните води и почвата, како и подобрување на животната средина.
КЈП “Водовод” Кочани апелира до сите граѓани да го почитуваат Законот за јавна чистота, да не го оставаат ѓубрето на недозволени места и со своето однесување и еколошка свест да придонесат за поздрава и почиста животна средина.