Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
В среда, на 28 јуни, во 19 ч., на спортските терени на СОУ „Љупчо Сантов“ ќе се одигра првиот натпревар од овогодишниот Петровденски турнир во мал фудбал.
Претставници на ОФС – Кочани, како директни реализатори на турнирот што го организира Општина Кочани, со ждребување ги утврдија четирите групи од пријавените дванаесет екипи.
Според Александар Андов, претседател на ОФС – Кочани, ќе се игра по правилата за футсал и според временските услови. Ќе се избира најдобар играч, стрелец и голман, а најдобрите три екипи ќе добијат 60 илјади, 30 илјади и 15 илјади денари.
Распоредот за настап на екипите ќе биде објавен на веб-страницата на Општина Кочани.