Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Готово е, само уште неколку измени, додавки и фусноти и ќе постанеме европјани.
За разлика од пред 30 – тина години, па и пред само десетина години, кога колку – толку се знаеше редот и вакви слики не можеа да се замислат ниту во најгрозните соништа и кошмари, еве сега сме сведоци во живо.
Утрово мораше да интервенира тешката механизација како би се расчистила огромната депонија кај спомен домот АСНОМ во Кочани. И ова не е прв пат, а како што стојат работите ни последен. Секојдневно ги гледаме нашите драги сограѓани како со сопствените возила и луксизни џипови исфрлаат ѓубре, отпадоци и шут со канти и вреќи. Како да паркингот пред спомен домот АСНОМ каде што е сместено Основното музичко училиште и единственото наше радио, да им е најблиската депонија на која може да се исфрли се и сешто. Од облека, ќебиња и душеци, до расипана зимница и неупотребливи градежни материјали и шут. А, сето тоа предизвикува неподнослива смрдеа, која кога има ветер се шири до центарот на градот.
Одвај успеавме да ги направиме овие снимки, а вработените се пожалија што ги заборавиле ковид маските, бидејќи таму буквално не се дише.
При толку зеленило и убавини кои го красат овој наш град, за кој во некои минати времиња сограѓаните се грижеа и бореа за титулата „најчист град“, која во повеќе наврати и ја добивавме, еве сега каква е сликата.
До луѓето ли е? До образованието, до менталниот склоп, или до законите – проценете сами!