Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Почитувани, на оваа прес конференција, која ја одржуваме на брегот
на езерскиот бисер „Градче“, практично го промовираме Проектот: „Градче – да блесне езерскиот бисер“, кој очнува со имплементирање од денеска и ќе се спроведува во наредните шест месеци, истакна на прес конференцијата Ангела Митевска, асистент на проект менаџерот на Проектот.
На настанот покрај претставник на Општина Кочани, се присутни ученици од основните и средните училишта, претставници на ЗГ „Среќни луѓе“, како и други доброволни соработници ангажирани околу проектните активности.
На денешната прва организирана активност сакам да истакнам дека севкупната цел на проектот е да се подобри пристапноста и искористеноста на езерото „Градче“ и неговото крајбрежје во повеќе сегменти, кои ќе придонесат за долгорочно подобрување на севкупните туристички и рекреативни состојби, како реална можност за подобар живот на граѓаните, а конкретната цел е да се подобри пристапноста до сите убавини на крајбрежјето, како и промоција на туристичките вредности и придружни содржини на езерото.
Очекуваните резултати се Подобрена понуда на туристичките можности на „Градче“ како атрактивна дестинација, привлекување поголем број туристи во секое време и во сите сегменти од езерскиот туризам, подобрени услови за развој на спортскиот риболов, спортови на вода и пешачки тури низ природните убавини.
Од активностите во претстојниот период би ги истакнала расчистувањето на дел од езерското крајбрежје, проширување на пешачките патеки, поставувањето да летниковци и уште две клупи на погодни локации, кои ќе бидат во функција на посетителите, односно туристите. Покрај тоа ќе биде организиран пливачки маратон со учество на еден искусен и неколку помлади пливачи, како и кајак на мирни води. Со цел подобрена промоција на туристичките потенцијали и капацитети, ќе биде изработен видео материјал од репрезентативните природни убавини, реткости и атрактивни локалитети, споменици на природата и други објекти, кој ќе биде емитуван на десетина локални и регионални медиуми во државата и надвор од неа.
Проектот „Градче – да блесне езерскиот бисер“ на ЗГ „Среќни луѓе“ се имплементира во рамките на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан – ReLOaD2, ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со финансиска поддршка од Европската унијa. Истиот е кофинансиран од Општина Кочани.