Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Се расчистува паднат потпорен ѕид на ул “Боро Ловџија”
Вчера во вечерните часови падна потпорен ѕид на улицата “Боро Ловџија” во Кочани. По невремето кое го зафати градот и околината, ѕидот се урна и земјата се излизга на самата улица. Засега не се пријавени штети.
Дежурните екипи на КЈП “Водовод” Кочани денес интервенираат и вршат расчистување на теренот.
Се работи за разрушен потпорен ѕид во должина од неколку метри, а причина за негово оштетување се неповолните временски услови, односно наносот на поројниот дожд кој вчера го зафати Кочани. Се работи на отстранување на градежниот шут кој е настанат како последица на разрушувањето на потпорниот ѕид, за истиот да не преставува опасност при движењето на возилатa.