Радио Кочани
Кочани

Отстранет дефектот на главниот цевковод за висока зона

703

KJП „ Водовод “ ги информира граѓаните дека е отстранет дефектот на цевководот за водоснабдување од висока зона на територија на Општина Кочани, поради што без вода за пиење беа корисниците кои ги користат нашите услуги во високата зона.

Дефектот е отстранет околу 12 часот денеска, а по неколку часа се очекува целосно нормализирање на водоснабдувањето на улиците кои беа во прекин.
Дефектите од ваков обем претставуваат сериозен и комплексен проблем кој бара време и ангажман на повеќе фактори за целосно санирање, па поради тоа им благодариме на корисниците за нивното трпение и разбирање.
Исто така ја информираме јавноста дека по намалување на водостојот на Кочанска Река дополнително ќе биде преуредено речното корито.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio