Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Дефектот поради кој високата зона во градот нема вода за пиење од синоќа, е сериозен.
Се наоѓа во коритото на Кочанска река во близината на Градскиот пазар. Екипите интензивно работат на негово санирање, изјави за Радио Кочани, Антонио Паунов, директор на КЈП „Водовод“ од Кочани.
Жителите од вивсоката зона во градот се без вода за пиење од синоќа од околу 18 часот. Паунов не прецизираше кога ќе се воспостави нормалното водоснабдување.