Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков, изврши увид во активностите кои се преземаат околу реновирањето на Домот на културата „Тошо Арсов“, еден од покрупните проекти што треба да се реализираат оваа година.
„Како што е во планот, интензивно се работи на преуредување на сината сала, големите стаклени површини се затворени, се реновираат тоалетите и гардеробите“, информираат од Општината.
Оттаму сметаат дека единствениот фестивал на хумор и сатира во Македонија, „Ин Виница веритас“, ќе се одржи во реновираниот ДК „Тошо Арсов“