Радио Кочани
Кочани

Инсталиран енерегетски ефикасен систем за греење, ладење и вентилација во Мултикултурниот центар во Кочани

236

Завршија работите за инсталација на системот за греење, ладење и вентилација во Мултикултурниот центар во Кочани.

Со проектот „Опремување на Мултикутурниот центар“ е реализирана набавка, транспорт и монтажа на систем за греење и ладење со современа инвертер-технологија (каналски клими, мултисплит и сплит системи), како  и енергетски ефикасен вентилациски систем во салата, канцелариите и конференциските сали во МКЦ, односно е обезбедено затоплување и ладење на 490 м2 корисна површина.

Проектот е реализиран  со средства од Бирото за регионален развој преку јавниот повик за финансирање проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој од Програмата за рамномерен регионален развој за 2022.

Вкупниот буџет на проектот беше 3.174.200 ден. од кои 2.515.490 ден. се од Бирото за регионален развој, а  останатите се од Буџетот на Општина Кочани.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio