Радио Кочани
Кочани

На 14 јуни – прва фаза од авиотретирањето против комарци

163

В среда, 14 јуни, од 5 до 8 часот наутро, стручни екипи на Друштвото за авиоуслуги „Бониер“ од Куманово ќе ја спроведат првата фаза од авиотретирањето против комарци.

Авиотретирањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарците, одобрен од Бирото за лекови. Со авиотретирањето ќе бидат опфатени површините во градското подрачје на Кочани и низинските села што припаѓаат на територијата на Општина Кочани.

Потребно е пчеларите да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.

Доколку се неповолни временските услови (ветер, дожд) третирањето ќе се одложи за наредниот ден.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio