Радио Кочани
Кочани

Советот на Општина Кочани ја одржa 29. редовна седница

432

Советот на Општина Кочани ја одржа 29. седница на која ги усвои годишните планови за вработување за 2024 година на СОУ „Гошо Викентиев“, ООУ „Малина Попиванова“ и ООУ „Раде Кратовче“, како и предлог-одлуката за давање на користење без надоместок на простории, сопственост на Општина Кочани, на Месната заедница во с. Горни Подлог.

Членовите на Советот не ја усвоија измената на Годишниот план за вработување во ЈОУ Библиотека „Искра“ за 2023 година. Не ги усвоија и предлог-одлуките за измена на одлуките за утврдување тарифи за снабдување со вода за пиење, пречистување на отпадните води и за собирање и одведување на урбаните отпадни води на КЈП „Водовод“ – Кочани за периодот 2021 – 2023 година, како и извештаите за финансиското работење на КЈП „Водовод“ за 2022 година и за првите три месеца од 2023 година.

На 29. седница едногласно беа усвоени две советнички иницијативи.

На предлог на Жаклина Филипова Свеќаровска, Советот утврди препорака до КЈП „Водовод“ да ги ослободи од плаќање на комуналните услуги, односно да утврди повластени цени на услугите за бранителите.

Советот го усвои и барањето поднесено од советникот Ивица Лазаров, со заклучок да се реализира средба на граѓани од оваа улица со општинските стручни служби заради изнаоѓање решение за сообраќајниот режим на „Димитар Влахов“ меѓу двата кружни тека.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio