Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Станува збор за филм кој е поврзување на документарец со хумористични нишки, во кој се разработува современата тема околу правата на жените, значењето на жената во општеството и дека истата не може да биде заменета од ниту еден маж.
Филмот пред македонската публика го донесоа Коалицијата за заштита на децата и Елеуса Фондација.
По проекцијата во Кочани, во петок на 02. Јуни во 19 часот филмот ќе биде прикажан и во Домот на културата во Зрновци како и во другите градови во државата.