Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Кривична пријава за полициски командир во Виница
Пријавениот на 31.08.2022, во својство на службено лице, ги пречекорил границите на своите овластувања и не дозволил да биде изготвен прекршочен платен налог на возач на автобус на правно лице од Кочани.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против полицискиот службеник М.А., командир на Полициското одделение за безбедност во патниот сообраќај Виница при ОВР Виница поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување.
-Пријавениот на 31.08.2022, во својство на службено лице, ги пречекорил границите на своите овластувања и не дозволил да биде изготвен прекршочен платен налог на возач на автобус на правно лице од Кочани за сторен сообраќаен прекршок по член 42, став 1 и 3 од Законот за возила, констатиран во станица за технички преглед, а во износ од 400 евра во денарска противвредност, со кој износ, бидејќи не е наплатен, го оштетил буџетот на РСМ. Пријавениот дополнително не дозволил да се преземат мерки за сторениот сообраќаен прекршок против одговорното лице во правното лице, се наведува во соопштението од МВР.
Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против М.А. ќе биде покренат предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, како и негово отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.