Радио Кочани
Кочани

ДАФ на Македонија 2023 – Триумф на кочанчани со „Тунел“

636

Кочанчани тримфираа на 60 –то издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија со претставата „Тунел“ во изведба на театарската група „Годо“ , а во режија на Кристина Атанасова Арсова. Тие ја добија Гран-при наградата „Васил Ќортошев“ за најдобра претстава во целина .
Даниел Гочевски, за ликот на Драган Тарабунов во претставата „Драги уметници“ на Театарот „Чекори“ од Скопје, е награден за главна машка улога, додека наградата за главна женска улога отиде во рацете на Анџелија Мирковиќ, за игрграње на ликот на Наталија Стефановна во „Просидба“ од Чехов. Ова претстава е дело на Академското позориште од Ниш, Србија.


Награда за истражување нови сценски изразни средства и експеримент во аматерскиот театар ја доби „Умрежени“, претстава на КУД „Бранко Радичевиќ“ од Одбор „Просвета“ – Почетин, Хрватска.
Во категоријата за деца и младинци наградена е изведбата на драмскиот текст „Црвенкапа“ на Драмското студио „Летечка театарска група“ од Тетово, во режија на Зоран Јовановски.


Тамара Стојановска и Никола Кузмановски од театарот „Чекори“ од Скопје ги добија наградите за најдобра споредна женска и машка улога .
60 – то издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија, чиј традиционален домаќин е Кочани, се одржа под мотото „Театарот е жив“
Финансиски, зад ДАФ 2023 стојат Општина Кочани, Министерството за култура и повеќе приватни фирми.


Фестивалот започна на 22 мај, претставите завршија на 27 – ми, а вечерва во Градскиот парк се одржа свеченоста на која беа прогласени најуспешните.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio