Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Македонските и сесловенски просветители, браќата Кирил и Методиј се заслужни за културниот развој на сите словенски народи, основополжници се на сесловенската писменост и литература и основачи на првата словенска азбука – глаголицата.
Секоја година денешниот датум 24ти Мај, Македонија го одбележува и го слави големото дело на светите браќа Кирил и Методиј.
По тој повод и по повод патрониот празник синоќа свечена академија одржа и кочанското основно училиште кое со гордост го носи нивното име.
Училишниот хол беше претесен да ги прими посетителите, а според некој проценки немаше да биде доволна ниту реновраната сала ЦК „Бели Мугри“. Учениците и возвратија на публиката со
музички и театарски перформанс, беше прогласен и ученикот на генерацијата Павел Монев, а присутните сето тоа го наградија со громогласни аплаузи.
Радио Кочани успеа да долови дел од атмосферата, која ви ја пренесуваме низ видео запис.
Честитки за учениците и нивните наставници и ментори од ООУ „Св.Кирил и Методиј“ кои вредно работеа и со месеци ја подготвуваа оваа премиера, различна од сите други досега.
Им посакуваме уште многу успеси и радости во годините што следуваат, произведувајќи нови и нови генерации млади луѓе кои ќе бидат носители на идните опшествени текови во нашата сакана општина.