Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Интензивно се подготвува патеката во пресрет на спортскиот настан Урбано-ридски крос “МЛАДИТЕ ТРЧААТ” што ќе се одржи в недела на 28 Мај
На барање на планинарите, туристите и жителите на општина Зрновци, денеска Општина Зрновци започна со уредување и проширување на планинскиот патен правец покрај кањонот на река Зрновка, на делницата Зрновци-манастир Св. Тома.
Овие активности се одвиваат во пресрет на спортскиот настан Урбано-ридски крос “МЛАДИТЕ ТРЧААТ” ! По уредување на истиот сите љубители на природата ќе добијат уреден пристап покрај живописниот кањон и прекрасна природа на општина Зрновци ! Продолжуваме одговорно и посветено да ја уредуваме општина Зрновци, за доброто на сите граѓани истакна градоначалникот Борчо Коцев.