Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Приведени двајца крадци, расчистени четири кривични дела во Кочани
Полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип вчера лишија од слобода две лица и расчистија четири кривични дела тешка кражба, извршени на 11-ти и 12.05.2023 на подрачјето на Кочани.
Како што соопшти МВР, осомничени извршители на кривичните дела се Џ.С. (19) од Кочани и еден малолетник. Тие биле приведени во полициска станица и по комплетирање на случаите против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.