Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
КЈП “Водовод” Кочани го санираше повеќегодишниот дефект на улица “Александар Македонски” во Кочани.
Поради дотраеност на постоечкото црево многу често се случуваа дефекти и прекини во водоснабдувањето за околу 20 корисници на оваа улица.
Со замената на ново црево со f63 од 16 бара во должина од 370 метри ќе се обезбеди непречена поквалитетна услуга за корисниците на улица “Александар Македонски” во Кочани и намалени трошоци за интервенции на КЈП “Водовод” Кочани.