Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Како дел од програмските активности, КЈП “Водовод” Кочани деновиве изврши санација на неколку оштетени капаци на шахти на коловозните ленти на улица “Теодосија Паунов” во Кочани.
Во рамките на своите предвидени работни активности во следниот период КЈП “Водовод” Кочани ќе изврши санирање и на други оштетени капаци на шахти на коловозните ленти и сливни решетки.
Поради се позачестените кражби и оштетувања на метални капаци на шахти, апелираме до нашите сограѓани да се однесуваат одговорно и да не ја загрозуваат безбедноста на другите со кражби или оштетување на металните шахти.