Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
И додека ние таканаречени останати граѓани мака мачиме да обезбедиме доволно средства за да ги покриеме давачките за минимална плата од 20 175 денари, нашите функционери си поделија плати со 6 и 7 пати повисоки месечни приходи. Сега веднаш се поставува прашањето: Дали нивната работа и месечен анажман е толку голем да тие само за 2 месеци го заработуваат приходот за коj ниe работиме 12 месеци – односно цела година. Дали нивните 320 часа ангажираност ( со прашалник) се рамни на нашите 1 920 часа?
Затоа младите во земјава не сакаат да работат и доколку не успеат да станат функционери си заминуваат.
Ќе се претвори ли Македонија во земја на функционери и пензионери?
Можеме ли сите да бидеме функционери и пензионери? Каде се земјоделците и сточарите, оние што не хранат? Каде е обичниот работник, оној со чиј труд се исплаќаат платите на газдите, вработените во јавниот сектор, функционерите и пензионерите?
Си поставуваме безброј прашања, а одговор нема кој да даде.
Молчењето е злато, вели една наша стара поговорка, а ние сме „ Златен народ“!