Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
На езерото „Калиманци“ и во забраната ќе се лови, одредени видови риба…
ЗРСК ШАРАН ги известува сите риболовци дека од 03.05 до 02.06.2023 година на езерото Калиманци ќе започне забраната за риболов.
Забраната ќе биде за сите видови на риба освен за видовите караш и белвица, што значи ќе биде дозволен риболов со една трска со една јадица од брег без употреба на чамец и 200 метри подалеку од уливите на Каменичка река, Брегалница, Луковичка река и Рибничка река. Риболовот на наведените реки е целосно забранет.
Риболовот ќе биде дозволен само дење додека во ноќниот период ќе биде забранет.
Секој риболовец доколку фати друга риба освен Карас и Белвица е должен веднаш да ја врати во водата.
Доколку се утврди непочитување на забраната по било која основа против несовесните рибари ќе бидат поведени прекршочни постапки до Државниот инспекторат за земјоделство согласно Законот за рибарство и аквакултура.
Воедно се известуваат рекреативните риболовци дека ќе биде зголемена контролата од МЗШВ,Државната риболовна контрола и активисти на ЗРСК ШАРАН.