Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
После две години реконструкција на големата сала, партерот и балконот успешно е завршена и втората фаза од реновирањето на Центарот за култура „Бели мугри“ од Кочани, а со пригодна свеченост, кино проекција и коктел забава вчеравечер објектот повторно се отвори за публиката.
Реновирањето на големата сала е реализирано со средства од програмата за инвестиции на Министерството за култура, при што беа обезбедени 20 милиони денари.
Поставен е нов под и седишта, со што сега салата има капацитет од 356 места, а целосно е реконструиран и системот за озвучување и осветлувањe на сцената.
Д.Михајлов