Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Одбележана 118-годишнината од смртта на Никола Карев
Со свечена академија на ООУ „Никола Карев“ и полагање свежо цвеќе на спомениците, вчера и денеска беше одбележана 118-годишнината од смртта на големиот македонски револуционер и претседател на Крушевската Република, Никола Карев.
Општински делегации положија цвеќе на спомениците на Карев во Паркот на Револуцијата, кај селото Тркање и во Спомен-паркот во Свиланово.
Претставници на Извидничкиот одред „Ластовица“ и ученици од ОУ „Никола Карев“ пешачеа од селото Пантелеј до Рајчани, односно до местото Свиланово, каде што загинал Карев.
ООУ „Никола Карев“ го претстави новоуреденото детско игралиште во школскиот двор, коешто е опремено со поддршка од Општина Кочани, локалниот бизнис-сектор и Ротари клубот Кочани-Виница, преку проектот „Направи разлика“, финансиран од USAID заедно со Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип. Директорот Александар Андов соопшти дека во наредниот период ќе се уредат и терени за мал фудбал и за кошарка.