Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
СОУ „Гошо Викентиев“ го одбележа патрониот празник.
Денеска средното општинско училиште „Гошо Викентиев“ го одбележа патрониот празник.
По тој повод, свежо цвеќе на бистата на патронот положи градоначалникот на Општина Кочани и членови на Советот, училишна делегација, претставници на семејството Викентиеви и Сојузот на борците.
Во склоп на овогодинешното одбележување на патрониот празник на најдобрите тројца ученици практиканти в во „Амфенол“ им беа доделени награди за нивното посветено и континуирано учење.