Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Тепачка пред угостителски објект помеѓу Оризарец и Каменичанец
На 18.04.2023 полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица ги привеле И.И.(46) од Македонска Каменица и Г.Ј.(41) од Оризари, кочанско, бидејќи во 19.15 часот пред угостителски објект во Македонска Каменица, по претходна вербална расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.