Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
ВТОРНИК, 18 АПРИЛ 2023 ГОДИНА ОТВOРАЊЕ ВО 12:30ч. Салон фоаје 2Националната установа- Центар за култура”Бели мугри” – Кочани во делот на вревземање на изложби, Ве поканува да ја посетите и погледате поставката на делата од “20-таМЕЃУНАРОДНАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА КАРПИНО”2022година.
Проектот е дел од годишната програма на установата за 2023 година под целосно финансиско покровителство на Министерството за култура на Р.С. Македонија.
Јубилејната 20-та Меѓународна ликовна колонија Карпино 2022 се одржа во периодот од 17.08.2022 година до 24.08.2022 година во Етно село-Тимчевски. Учествуваа 12 уметници од Америка, Србија и Македонија. Освен творење во традиционален македонски амбиент, уметниците имаат можност да ги посетат: Црквата Свети Ѓорѓи од 14 век во село Старо Нагоричане, Споменик на паднатите борци во Кумановската битка, Зебрник, Камените кикли во село Куклица, Средновековните кули во Кратово, Аква парк во Пробиштип. По завшувањето на неколкудневното дружење се одржа и свечено затворање во присуство на околу 50 званици, каде беа доделени благодарници за уметници и заслужни компании и поединци, тоа го направи претседателот на совет на Општина Куманово г-ѓа Ивана Георгиевска и претседателот на ММС Карпино г-дин Зоран Павловски и уметничкиот Директор Дејвид Стоилковски. Дел од уметниците учествуваа во емисија Вкусот на традицијата со Андријана Алачки каде приготвуваа храна од своите земји. Најголем дел од сликите се акрил на платно, но имаше и колажна техника како и масло на платно.
Изложбата ќе биде поставена и достапна пред публиката и љубителите на ликовната уметност во наредните две недели.
Повелете ве очекуваме!
Александра Димитрова, ЦК „Бели мугри“