Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Анализата на концентрациите на ПМ 2,5 и на ПМ 10 во текот на март годинава покажа дека за ПМ 2,5 честичките, Битола 2, станицата поставена во центарот на градот, измерила најчист воздух во текот на целиот месец. Потоа следуваат Кочани и Миладиновци. Битола 1 и 2 има почист воздух од Охрид, кој, пак, има сличен воздух со оној во Гостивар.
Останува заклучокот дека за поопасните ПМ2,5, квалитетот на воздухот е далеку од добар за најголем дел од мерните места – велат од „02 иницијатива“ за медиумите.