Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
КЈП „Водовод“ постави нов длабински пумпен агрегат во вредност од околу 2 000 000 денари…
Денес стручните екипи на КЈП “Водовод” Кочани по претходно утврдената динамика и извршени подготвителни работи поставија длабински пумпен агрегат.
Во врска со поставувањето на пумпниот агрегат беа направени дополнителни градежни зафати, односно со специјализирано возило за разбивање на наслаги и вшмукување на отпаден материјал беше извршено целосно чистење на површината каде беше поставен длабинскиот пумпен агрегат.
Станува збор за длабински пумпен агрегат од компанијата Pleuger во вредност од околу 2 000 000 денари.
Целосното ставање во функција на заменската потопна пумпа нема да влијае врз квалитетот на услугите кои КЈП “Водовод” Кочани ги испорачува кон крајните корисници во моментот, а во иднина ќе обезбеди целосно, навремено и квалитетно снабдување со вода до крајните корисници.