Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Поради неисплатени плати – Работничките на конфекцијата „Валтекс“ во штрајк
Триесетина работнички во конфекцијата „Валтекс“ од Општината Чешиново – Облешево веќе трет ден не сакаат да работат, затоа што два месеци не зеле плата. Обраќајќи му се на Радио Кочани рекоа дека нивниот протест ќе трае се додека не им бидат исплатени двете плати заедно со придонесите за пензиско и здравствено осигурување.
Работничките вчера ја пријавија ваквата состојба во кај надлежните инспекциски служби.
Велат, зачудувачки е како државните институции дозволуваат вакво однесување на сопствениците кон вработените. Се им е пред очи, не преземаат ништо, па после се чудат зошто работниците им бегаат во странство?!
Радио Кочани е отворено за раководството на „Валтекс“ и ако оттаму стигне било каква информација поврзана со спорниот настан, веднаш ќе биде објавена