Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Владимир Грчев, ученик во седмо одделение во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани, го освои првото место на Државното првенство по информатика и програмирање според C ++ програмата. Натпреварот се одржа викендов што измина на ФИНКИ во Скопје. Учествуваа повеќе од 200 ученика од сите училишта во Македонија. Ментор на Владимир е наставничката Наде Давиткова.
Грчев и минатата година беше победник на истиот натпревар и ја претставуваше државата на меѓународна „сцена“. Како истакнат ученик беше примен и од претседателот на државата. Во моментов се подготвува за Државен натпревар по математика и за настап на Олимпијада по информатика.