Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Во среда ООМУ “Ристо Јуруков” по втор пат ќе го слави Денот на пијаното…
На 29ти март во Кочани, по втор пат, ќе се прослави Денот на пијаното.
Денот на пијаното симболично се одржува на 88-от ден од годината, бидејќи пијаното има 88 дирки.
На настанот ќе бидат промовирани дел од младите пијанисти од ова училиште. Концертот ќе се одржи во салата на училиштето со почеток во 18 часот.