Радио Кочани
Кочани

Работилница на УСАИД: Јавно-приватните партнерства се недоволно искористена алатка за воведување извори на финансирање во општините

121

Градоначалниците на Општините Кочани и Виница Љупчо Папазов  и Миле Петков деновиве учествуваа на настанот на Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите под наслов: Искуства и научени лекции од спроведување на јавно-приватно партнерство на општините во Македонија.

Учесниците на настанот истакнаа дека јавно-приватното партнерство како алатка за воведување нови извори на финансирање на општините за жал, сѐ уште не е доволно искористена. Поради тоа, акцентот беше ставен на клучните законски одредби, искуства и научени лекции од веќе спроведените јавно-приватни партнерства во земјава и пошироко, како и надминување на најчестите предизвици и пречки.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio