Радио Кочани
Кочани

Си изнајмил автомобил од Виница, па одлучил да не го враќа…

6,563

Жител на село Врапчиште изнајмил возило од фирма, но по истекувањето на договорениот рок не го вратил назад, извести МВР.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Ј.Р. од село Врапчиште поради постоење основи на сомнение за кривично дело „затајување“.

-На 12.07.2022, пријавениот од правно лице од Виница изнајмил патничко возило „Фолксваген“ во времетраење од 19 дена, а по истекот на договорениот рок не го вратил патничкото возило, со што му нанел штета на правното лице во износ од 361.500 денари, велат од полицијата.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio