Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Вработена во Фондот за ПИОМ во Виница земала брзи кредити на друго име
Вработена во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ) во Виница е осомничена дека ја злоупотребила положбата и користела туѓи податоци за да земе брзи кредити на друго име. „Во периодот од 28.04.2020 до 21.09.2022, пријавената – вработена во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување – Виница ги злоупотребила своите работни задачи и обврски и во четири наврати аплицирала за брзи кредити во две финансиски друштва на име на друго лице од Виница, користејќи ги нејзините лични податоци“, соопшти МВР. Против вработената, како што наведоа од МВР, поднесена е кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања.