Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
ДИЗЕЛОТ ПОЕВТИНУВА ЗА 1,5 ДЕНАРИ, БЕНЗИНОТ ЗА ПОЛОВИНА ДЕНАР
Дизелот поевтинува за 1,5 денар, а бензините и екстра лесното за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 74 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 81 денар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе има цена од 83 денари.
Литар масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 73,5 денари, а се намалува и залопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 1,649 денари за килограм и ќе изнесува 38,130 денари.
Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,60 проценти во однос на одлуката од 17 месецов.
-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,541 проценти, кај дизелот за 1,152 проценти, кај екстра лесното масло за 1,318 проценти и кај мазутот има намалување за 2,660 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,077 проценти, информира РКЕ во образложението за одлуката.