Радио Кочани
Кочани

Жените од Амфенол на екскурзија и патување, а дел од нив наградени со козметички производи…

10,854

Амфенол Технолоџи Македонија во десеттата јубилејна година од своето постоење по повод празникот на жената
за своите вработени жени организира патувања и ескурзии за 800 вработени.

Како би се одбегнале гужвите по повод празникот во Амфенол се одлучија ваквата идеа, која несомнено им се допадна на
повеќето од вработените да се реализира со неколку дена пролонгирање.

Па така 500 од вработените жени го одбраа паќетот за екскурзија (со ноќевање) во Белград, а 300 од нив ќе уживаат на еднодневно патување во Врање.

Утре или петок навечер во 00:30 часот по полноќ со 7 модерни туристички автобуси ќе се замине за Белград, додека рутата за Врање со 6 автобуси
ќе започне во недела наутро.

Амфенол како опшествено одговорна компанија, вклучува се поголем број локални фирми за своите потреби и активности па така и за реализација на овие туристички прошетки ги обезбеди услугите на 2 кочански агенции „Либеро Травел“ и  „Соколов турс“.

На овие 800 вработени им посакуваме убав престој во соседна Србија, а  останатите околу 700 вработени жени во Амфенол Технолоџи Македонија„ ќе добијат пакети козметички производи набавени  од исто така локални фирми…

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio