Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Денеска во 11 и 30 часот во ЈОУБ „Искра“ се реализираше работилница со ученици и нивните ментори од основните училишта од Кочани, Зрновци и Оризари и со средните училишта од Кочани.
Работилницата е дел од одбележувањето на 21 март, Светскиот ден на поезијата кој библиотеката неколку години по ред го одбележува под мотото „ Уметноста на стихот-спонтано прелевање на моќни чувства“.
За 2023 година Светскиот ден на поезијата ЈОУБ „Искра“ го одбележува и посветува во чест на Кочо Рацин, 115 години од раѓањето и 80 години од смртта.
Учениците од литературните секции читаа песни од поетската збирка „Бели мугри“, а учениците од ликовните секции твореа инспирирани од истите.
Изложбата на ликовните дела ќе се реализира на 21 март, Светскиот ден на поезијата, во 12:00 часот, кога со свои изложби и стручни излагања за ликот и делото на Кочо Рацин ќе гостуваат Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес и Локална Установа „Народен музеј“ од Велес.