Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Жители на селото Бели денеска реагираа. Од средината на минатата недела повторно гори на Градската депонија и од чадот први на удар се тие. Од КЈП „Водовод“ бараат поголема одговорност во третирањето на депонијата. За в среда, 15 март, најавија 24 – часовно блокирање на возилата на кочанското комунално претпријатие.
Директорот на КЈП „Водовод“, Антонио Паунов, се сомнева дека пожарот на Градската депонија е намерно предизвикан, затоа ги повика Министерството за внатрешни работи и Обвинителството да постапат во рамките на своите надлежности.
Тој смета дека изградба на регионална депонија е трајно решение за овој проблем, поради што побара од централната власт да ја интензивира реализацијата на овој проект, кој веќе е започнат.
Во меѓувреме, додека директорот на „Водовод“, Паунов, разговараше со претставниците на медиумите, на депонијата пристигнаа возила со тешка механизација, со кои ќе се направат дополнителни обиди огнот конечно да биде изгаснат.