Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
32 дела изработени во различни техники се најдоа пред публиката вчера како дел од изложбата „Подари цртеж во замена за цвеќе“ на посетителите на Училиштето за цртање и сликање на ЦК „Бели мугри“ со кое раководи, Алкександра Димитрова, стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн во Националната установа од Кочани.
Изложбата беше отворена вчера на терасата на „Бели мугри“ по повод Меѓународниот ден на жената, 8 март. Насликаното е со мотиви од цвеќе од страна на 31 ученик на Училиштето за период од два месеца.
Комплетната изложба „Подари цртеж во замена за цвеќе“ во наредните две недели може да се посети во Салоно „Фоаје 1“ на Центарот за култура каде веќе е преместена.