Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Црвен Kрст Кочани успешно ja реализираше предвидената крводарителска акција за месец февруари…
Општинската организација на Црвен крст – Кочани денеска ја реализираше предвидената граѓанска крводарителска акција за месец февруари.
На редовната крводарителска акцијата крв даруваа 24 дарители и истата се спроведе со поддршка на екипа од Институтот за трансуфузиона медицина – Штип.
-На акцијата крв даруваа 24 крводарители од кои тројца првократни и 11 млади дарители до 30 годишна возраст. Акцијата е 3 –ра по ред што годинава ја спроведува Црвен крст Кочани. Ја користиме приликата да се заблагодариме на крводарителите кои денеска даруваа крв и помогнаа во успешно спроведување на акцијата истакнаа од општинскиот Црвен крст.
Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на Црвениот крст.