Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Идејниот творец на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ и актуелен градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, информира дека во Кочани е формирано граѓанско здружение „За наше Кочани“.
„Вчера во Кочани е формирано граѓанското здружение ’За наше Кочани’, а на средба со иницијативниот одбор за Претседател на здружението е избран Владимир Данилов. Граѓаните ги препознаваат нашите вредности, граѓанскиот концепт се шири, народот се обединува! Продолжуваме и во другите градови во Македонија!“, рече Димитриевски